Тринаесет лица загинаа во тешката сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, во автобус кој сообраќал на редовна линија Гостива – Скопје – Гостовар. На терен интервенирале 13 возила од Здравствениот дом Скопје и од приватните болници Систина и Неуромедика. Министерот Венко Филипче на прес-конференција рече дека повредените патници добиле прва помош на местото на настанот, а оние на кои им била потребна интервенција биле пренесувани во скопските болници.
„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 25 пациенти, тројца се полесно повредени и веројатно ќе бидат пуштени на домашно лекување. Четворица пациенти се на интензивно лекување, а двајца ќе бидат оперирани.
Во Ургентниот центар на скопските клиники примени се вкупно 5 пациенти, од кои тројца се во полесна состојба, една од тие пациентки е бремена жена, и таа по опсервацијата ќе биде пуштена дома. Еден од пациентите се спрема за хириуршка интервенција, а петтиот пацнет е во крајно тешка состојба и една пациентка е однесена во старата градска болница.
Вкупниот број на загинати е 13.“