Владата на Република Македонија донесе одлука денеска и утре да бидат денови на жалост.

Согласно со одлуката на Владата 14 и 15 февруари ќе бидат денови на жалост во знак на почит кон загинатите патници во автобусот кој доцна попладнето се преврти на автопатот Скопје-Тетово.

Бројот на жртви се искачи на 14.

Од вкупно згрижените 37 лица во ГОБ „8 Септември“, четири се во критична состојба, а сериозна е и состојбата на уште двајца повредени кои се хоспитализирани во Ургентниот центар. Седум лица го загубиле животот на самото место на несреќата, а другите седум им подлегнале на повредите.

Имињата на 14 загинати се уште не се соопштени зашто во тек е нивна идетификација на Институтот за судска медицина.

Засега, познато е дека автобусот со 51 патник од Скопје тргнал во 16.15 часот, а со него најчесто патувале јавни службеници и студенти од Гостивар.

Тој, според досегашните информации, поминал на спротивната коловозна лента, влегол на регионалниот пат и паднал во удолнината. На лице место починале седум луѓе.