Во Хрватска оваа сезона се регистрирани 75  жртви на грипот и инфицирани се 48.080, што е најтешка сезона во изминатите пет години, соопшти  Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ).

Тие нагласуваат дека оваа сезона на грип е многу поинтензивна во однос на бројот на заболените во споредба со претходните пет сезони, вклучувајќи и поголем број хоспитализирани луѓе и повеќе смртни случаи поради компликации од болеста.

Според хрватските медиуми, досега се пријавени 75 починати, а во сезоната 2017/2018 имало 29 смртни случаи.

Се проценува дека во Хрватска годишно од грип умираат околу 500 луѓе, од кои само мал број се официјално пријавени.