Четири пациенти повредени во тешката сообраќајна несреќа на патот Скопје- Тетово се во тешка здравствена состојба, од 32 кои беа синоќа донесени во градската болница „8-ми Септемри“, изјави директорот Христијан Костов.

Од повредените, 28 се стабилни, но на еден од нив му се влошила состојбата по што е префрлен на Торакална хиругија.

Четири од повредените пациенти во болницата „8 Септември“ и три повредени пациенти во Ургентниот Центар во Скопје сé уште се во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба, информираат од министерството за здравство.