Поради трагичната несреќа кошаркарскиот клуб Гостивар ги одложи натпреварите во сите категории.
Управата на клубот преку соопштение изрази жалење за загубените животи и сочувство до нивните семејства, а на повредените брзо закрепнување.

Ги информираме јавноста и МКФ дека КК Гостивар не е во состојба да учествува на претстојниот Куп на Македонија и бараме безусловно одлагање.

Во соопштението се наведува дека во несреќата животот го загуби и членот на клубот Јовица Трпевски (25).
Клубот ги одложува и натпреварите од Втората и младинските лиги закажани за викендов.