Најмалку пет лица се убиени, а уште пет полицајци се ранети синоќа кога напаѓач отвори оган во фабричка зграда во градот Аурора во американската сојузна држава Илиноис, соопшти шефицата на полицијата на тој град, Кристен Зиман.
Напаѓачот исто така е убиен, додаде таа, а пренесува АП.
Зиман рече дека напаѓачот, кој е идентификуван како Гери Мартин (45), бил вработен во фабриката, додава Ројтерс.
Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп е известен за настанот и дека ја следи состојбата додека се подготвува да отпатува за викенд во Палм Бич на Флорида.
Американските медиуми претходно јавија дека е во тек пукотница во подрачјето во кое се наоѓа зградата на компанијата Хенри Прат.
Во претходните извештаи на медиумите се наведува дека на лице место е локалната полиција, лекарски екипи и тимови на специјалната единица СВАТ и дека во зградата се застрелани шест лица.
Официјални лица од округот Кендал во Илиноис за инцидентот известија во 14Ч35 часот по локално време.