Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи порача дека утрово министрите ќе го поздрават историскиот успех што постигнаа двете страни со Преспанскиот договор, јави МИА од Брисел.
Решавањето на спорот за името е една од ретките добри вести за ЕУ, посочи Могерини пред почетокот на состанокот.
-Мислам дека сите ќе бидат среќни што ќе можеме да започнеме со нешто постигнато после толку работа, благодарение на импресивното лидерство, храброст и одлучност на лидерите и на народите на двете земји, изјави шефицата на европската дипломатија.