Со кратко видео на својот фејсбук профил, Гордана Силјановска, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, одговори на критиките и нападите преку социјалните мрежи за нејзиниот изглед. Силјановска вели дека има попривлечни фотографии во бикини, но дека не прифаќа да биде инспирација на мажите.

-Ние жените мораме вечно да се дотеруваме за да ги убедиме мажите дека не треба да не слушаат туку треба да не гледаат. Не прифаќам таква улога. Треба да ставиме крај на тоа да бидеме инспирација на мажите. Не да бидеме Гала, или Дора Мар, туку да бидеме Дали и Пикасо во политиката. Политиката стана чудовиште, а ние жените можеме да ја направиме уметност на можното, како што со животот правиме уметност на неможното кога раѓаме, вели Силјановска.

Деновиве ме линчуваат јавно за тоа како изгледам и колку години имам. И ме споредуваат со "лажни" слики на политичарки. Не дека немам попривлечни фотографии во бекини на тие години ама јас не прифаќам да бидам инспирација на мажите! Сакам во политиката да покажам дека жените создаваат уметност на можното!

Gepostet von Gordana Siljanovska Davkova am Montag, 18. Februar 2019