20 февруари 2019
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 февруари.
Денеска е Преподобен Партениј Лампсакиски.
Се родил во Мелитопол. Во детството не добил никакво образование. Кога потпораснал, станал рибар и на тој начин се издржувал. Уште од младоста го засакал Бога со сето свое срце, така што Господ му дал дар со молитва да исцелува секакви болести. Кога чул за тоа, мелитополскиот епископ го повикал Партениј, се погрижил за неговото образование и подоцна го ракоположил за презвитер. Потоа станал епископ на градот Лампсак. Со оваа Црква управувал се до крајот на својот земен живот, во четвртиот век.