Заменикот министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков вчера во Москва се сретна со својот колега од Венецуела Иван Хилом.
Тие ја разгледаа состојбата во Венецуела, на која беше изразена поддршка на идејата од Русија за национален дијалог за да се реши кризата во оваа земја.
– Русија изрази солидарност со пријателскиот венецуелски народ, давајќи цврста поддршка на политиката на владата на Венецуела во спречувањето на дестабилизација во земјата и ја поддржа идејата да се одржи национален дијалог за надминување на разликите во венецуелското општество, соопшти руското министерство, пренесува АП.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро порача вчера (четврток) дека Венецуела ќе ја затвори границата со Бразил, а слично ќе постапи и со границата со Колумбија, зашто владата е категорична во одлуката да го спречи испорачувањето на хуманитарната помош на територијата на Венецуела.
Мадуро рече дека хуманитарната помош, која се наоѓа во колумбискиот град Кукути, претставува „провокација“.