На 22 февруари 2019 година околу 20.00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Франгово“, при обиколка, кај одводен канал на брегот на Охридското во село Калишта пронашле четири најлонски вреќи со околу 50 килограми марихуана.

Пронајдените вреќи биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 22 февруари 2019 година, во периодот од 12.00 до 13.50 часот ,врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории кај лицето М.Х.(27) од Гостивар.

При претресот била пронајдена и одземена марихуана, а лицето биле лишено од слобода и приведено во Полициската станица Гостивар. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22 февруари 2019 година во 18.30 часот во Полициското одделение Ранковце, Д.В.(36) од Крива Паланка пријавил дека на 21 февруари 2019 година во 18.45 часот во продавница во село Ранковце непознато лице пуштило во оптек банкнота од 100 евра, за која се сомнева дека е фалификат.

Лицето купило две штеки цигари за 1800 денари и му бил вратен кусур од 4300 денари. Со потврда за привремено одземени предмети банкнотата била одземена за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23 февруари 2019 година во 00.25 часот во СВР Битола, Н.Е.(38) од Битола пријави дека на 22 февруари 2019 година околу 23.00 часот пред кафе бар лоциран во Центарот за култура неговиот 14-годишен син физички бил нападнат од друг малолетник.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22 февруари 2019 година во 11.10 часот било пријавено дека во кругот на Медицинскиот центар Струга лицето А.М.(34) село Корошишта, струшко, било физички нападнато од лицето Н.Ќ. од село Биџево.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22 февруари 2019 годинаво 21.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во угостителски објект на улица „Самоилова“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лицата Д.С.(38) и Д.С.(39), двајцата од Македонска Каменица.

На двајцата им биле изготвени записници за констатиран прекршок по член 11 став 1 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 23 февруари 2019 година во 03.00 часот во СВР Скопје полициски службеник пријавил дека при извршување работни задачи, околу 00.40 часот на улица „Кеј Димитар Влахов“ во Скопје, физички бил нападнат од лицето А.Д.(30) од село Страхојадица, општина Зелениково-Скопје.

Според пријавата, А.Д. го нападнал полицискиот службеник откако му бил издаден налог за глоба за сторен сообраќаен прекршок. Лицето било лишено од слобода и приведено во Полициската станица Центар. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23 февруари 2019 година во 02.20 часот во Полициската станица Бит Пазар, Т.Д.(25) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 00.30 часот, додека излегувал од обложувалница на улица „Кемал Сејфула“, бил физички нападнат од непознато лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22 февруари 2019 година во 20.30 часот во Полициската станица Карпош, Д.К.(22) од Скопје пријави дека истиот ден околу 15.15 часот на улица „Никола Парапунов“ во Скопје бил физички нападнат од непознато лице поради недоразбирање во сообраќајот.

Се преземаат мерки за рачистување на случајот.

На 22 февруари 2019 година околу 13.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека покрај локалниот пат за село Селце, на место викано Црн камен“, Н.Ф.(44) од Тетово пронашол рачен ракетен фрлач.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за ракетен фрлач РБП 64 мм М 80 од СФРЈ. Рачниот фрлач бил подигнат од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и предаден за понатамошна постапка.