Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, на денешната прес-конференција во Собранието истакна дека е разочаран од односот на Џафери и на ДУИ, и дека Владата нема повеќе морален кребилитет за да владее, затоа што го изгубиле најосновното, а тоа е владеење на правото.
„Сите бевме сведоци на театарот на ДУИ синоќа. На претседателот на Собранието на 27 април не му сметаше кога се избра за собраниски спикер, и зборуваше без микрофони. Синоќа јасно покажа дека е добар актер, и не е својствен да го држи имиџот на првиот претсдател Албанец на Собранието. Тоа место не го заслужува. Со крв го платив неговиот избор за претседател. Владата нема повеќе морален крибилитет за да владее, бидејќи го имаат загубено најосновното, а тоа е правна држава. Ова што се случува е удар врз надежот за правна држава“, рече Села кој прашан за мислење зошто Џафери постапил на таков начин, одговори:
„Мотивите да го заштитат Вељаноски можеби се многубројни. Можеби се фатени во корупција и криминал, но ако имаме во предвид дека Вељаноски беше обвинет за настаните на 27 април, можеби нешто кријат и тогаш. Гледате колку се конфузни и во изјавите, затоа што Џафери истакна дека знаел дека нешто ќе се случи, а Агим Нухиу ништо не знаел. Колку и да се сака да се прикрие, вистината еден ден ќе излезе на виделина“, рече Села, кој додаде дека ја поздравува одлуката на СДСМ да чека одговор од Џафери, но напомена дека власта треба да размислува на избори.
„Ја поздравувам одлуката на СДСМ да чека одговор од Џафери, но нема потреба да го бојкотира Собранието, туку треба да отиде на избори.“, додаде Села.