Бајат е вицот во кој премиерот Зоран Заев се колнеше во се живо дека Уставот на Република Македонија нема да го чепка. Сега има нов виц за воздухот што го дише и за националната жичка.
А тој во слободен превод од снимката е: Додека дишам, додека го дишам овој воздух на Северна Македонија, Кочо Анѓушев ќе го коригирам. И ќе му се смеам в лице, кога го греши името на мојата земја. Оти после ќе речат: Го донеле Заев да го коригира Кочо, ајде мајката!
Шегата ја однел ѓаволот, а видеово е сериозно, снимено денеска кога премиерот и вицепремиерот даваат изјави за медиумите.