Линијата по која слетувал авионот со Трајковски, права линија, траекторија, која потоа тргнува надоле под кос агол за да пријде кон аеродромот, беше идеална, односно идеално се поклопуваше со вистинската траекторија по која авионот безбедно требало да слета.
Проблемот беше што авионот со Трајковски почнал да слетува неколку стотини метри порано отколку што било потребно.
Скицата со сите анализи за слетувањето која своевремено ја објавив, ја имаше подготвено еден господин кој подоцна несреќно загина.
Зошто авионот тргнал по надолна искосена траекторија неколку секунди порано од тоа што е потребно? Едноставно, фарот од аеродромот во Мостар кој го наведува авионот, престанува да работи една минута и веќе не се сеќавам колку секунди. После тоа, сосема извесно, наведувањето на авионот е погрешно и тој тргнува по надолна линија порано и удира во брдото.
Интересно, тогаш објавувавме, осум години пред тоа, во 1996 година, Боинг преправен за потребите на американската влада, удира во брдото Свети Јован кај Дубровник. Нема преживеани, освен една жена на која спасувачите и го имобилизиираат вратот, што значи била безедна, а сепак кратко потоа починала од повредите во тој предел. Но, клучното е дека загинува американскиот секретар за трговија, близок пријател на Клинтонови, но во кавга со други структури.
Подоцна откриено – една од причините – расипан фар за наведување на аеродромот, а задолжениот за тоа Хрват, кратко потоа, се самоубива поради „несреќна љубовна врска“. На сајтот на Си Ен Ен тогаш можеше да се најде и снимка од обдукција на главата на министерот со дупка за која стоеше дека е од куршум.
Времето во Дубровник и времето во Мостар идентично лоши. Но, авиони, дури и тој македонскиот не губат ориентација поради тоа.

(Д.Ј.)