„Зоран Заев е очаен. Свесен е дека граѓаните му завртеа грб и дека се противат на антидржавните и на криминалните политики, па одлучи заедно со неговите партнери да го жртвува докажаниот губитник Стево Пендаровски“, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Стево Пендаровски е тажен избор кој покажува колку ниско е паднат СДСМ и колку ниско е паднат Зоран Заев. После пет години да не се најде нов кадар кој што би бил достоен да се кандидира за претседател на Република Македонија е најдобриот доказ дека квалитетните, чесните и искрените поединци одбиваат да ги бранат политиките на Зоран Заев. После пет години да им се понуди на граѓаните кандидат еднаш веќе отфрлен од нив е целосно потценување на народот во надеж дека гласачите кратко помнат и ги заборавиле навредите на Пендаровски кон нив. Пред пет години кога жестоко беше напаѓан Али Ахмети од страна на Стево Пендаровски, и од тогашната власт, Пендаровски освои 398.000 гласови, 140.000 гласови помалку од Ѓорге Иванов, актуелниот претседател на Република Македонија“, изјави Стоилковски.
Според него, јасно е дека Стево Пендаровски повторно ќе биде поразен и дека неговата улога е да биде жртвено јагне на Зоран Заев и на СДСМ.
„Со одлуката да го кандидира Стево Пендаровски, Зоран Заев ги заштитува своите најблиски соработници Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Никола Димитров. Некој мора да биде поразен, а Спасовски, Шекеринска и Димитров му се поважни на Заев од Стево Пендаровски. Стево Пендаровски е партиски послушник на Зоран Заев подготвен да клати со главата и да ги аминува сите негови политики. Пендаровски да потсетиме гласаше за двојазичност, легитимираше криминални државни, крвави избори како претседател на ДИК, го советуваше Бранко Црвенковски за аболицијата за Заев, се сложи со трговијата со тиранската платформа, се сложи со бришењето на идентитетот на македонската држава, на македонските граѓани“, вели Стоилковски, додавајќи:
„Почитувани, власта губи, власта паѓа, власта нема поддршка од народот. Залудни се додворувањето кон ДУИ и барањето прошка и поддршка од Али Ахмети. Јасно е дека победува честита Македонија, победува Гордана Силјановска Давкова, победува ВМРО-ДПМНЕ. Заевизмот е пред колапс, заевизмот е на колена, заедно ќе го турнеме онаму каде што му е место – во мрачните страници на македонската историја! Македонија ќе биде честита, со Гордана Силјановска Давкова како нов претседател!“, истакна Стоилковски.