Лидерот Ким Џонг-Ун не е на листата на 687 кандидати избрани во севернокорејскиот парламент на изборите во неделата, објавија државните медиуми, иако неговата сестра е изгласана во парламентот.
Не е дадена причина за отсуството на Ким од гласањето, пет години откако беше избран за шеф на Работничката партија на Кореја, јави Би-Би-Си.
Секој кандидат што се кандидира на изборите беше подржан со 100 отсто од гласовите во своите изборни единици, вклучувајќи ја и Ким Јо Џонг, помладата сестра на Ким, која претходно работела во владин одел за пропаганда. Ким Јо Џонг е највлијателната жена во Северна Кореја и прв заменик-началник на одделението за пропаганда и агитација во партијата. Според севернокорејските закони, откако ќе биде избрана за пратеник, таа ќе продолжи да ја извршува и својата функција и пратеничката
Ако биде потврдено, тоа ќе биде првпат лидерот на Северна Кореја да не се кандидира за својот парламент.
Рејчел Мининг Ли, аналитичар од специјалниот веб-сајт на Северна Кореја НК Њуз, изјави за Би-Би-Си дека отсуството на Ким од листата не укажува на ослабување на власта.
-Тоа би можело да биде дел од тековните напори на Северна Кореја да се сфати како „нормална држава, вели таа. – И во повеќето демократски земји, претседателот истовремено не е дел од Парламентот.
Излезноста на парламентарните избори во Северна Кореја за време на викендот кога гласачите можеа да гласаат за единствен кандидат, достигна 99,99 проценти, резултат кој е подобар од тој регистриран на претходното гласање – 99,97 проценти.
Политичката партија на Ким Џонг Ун – Корејската работничка партија има апсолутна власт во земјата.
На секои пет години, милиони гласачи бираат ново Врховно народно собрание. Но, сепак, во секоја област има само еден кандидат, претходно одобрен.
Годинава излезноста изнесува речиси сто проценти, така што на гласањето не можеа да учествуваат само тие гласачи кои се наоѓаат во странство или на работа на море,објави државната агенција КЦТА.
Исто како во 2014 година, секој од 687-те кандидати доби сто отсто од гласовите.
– Сите гласачи гласаа како еден на овие избори, со што ја забетонираа власта на еден народ, цврст како карпа, се наведува во соопштението од севернокорејската ЦИК.