Премиерот Зоран Заев вечерва повторно потврди дека е подготвен за дуел со лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој истото го кажа и синоќа во гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5.
Дуелот ќе биде на „Само вистина“ на Канал 5, а телевизијата најави дека следната недела официјално ќе ги контактира двајцата лидери околу можните термини за соочувањето.
Мицкоски претходно денеска на Фејсбук напиша дека ја прифаќа синоќешната понуда на Заев за дуел.
-Добро е што по две директни прозивки премиерот конечно прифати дебата. Ја прифаќам понудата за дебата со Зоран Заев од Канал 5 телевизија, и за разлика од него без некакви дополнителни услови и барања. Ајде на дебата и тоа час поскоро да разговараме за актуелните теми, напиша Мицкоски попладнево.