Поранешниот економски советник на Барак Обама и на Бил Клинтон, Алан Кругер се самоуби.

Кругер (58) бепе почитуван експерт и долгогодишен професор на Принстон.

Алан Кругер беше главен економист во Министерството за труд во време на Бил Клинтон како и претседател на Собранието на економски советници на Белата куќа додека претседател беше Барак Обама.

Во јуни се очекува да му излезе од печат книгата за економските аспекти на музичката индустрија.