Франција е подготвена да стави вето на барањето на Велика Британија да го одложи брегзит во случај Лондон да не нуди ништо како алтернатива или да ги загрози институциите на ЕУ, објави Кабинетот на претседателот Емануел Макрон.

„Тоа е можно е сценарио, ако условите за одлагање на брегзит не се исполнети”, рече француски претставник запрашан за можното вето на Париз.

Тој додаде дека можното одлагање на брегзит мора да биде поддржано од сите членови на Унијата.

Советникот на Макрон додаде дека Франција ќе го разгледа барањето на Велика Британија да го одложи брегзит според два критериума – дали постои кредибилен британски план или стратегија што може да биде поддржана од мнозинството во Вестминстер и какви последици ќе има во функционирањето на институциите на ЕУ.