Вооружените напаѓачи отворија оган врз конвој што пренесувал ураниум во една од двете бразилски нуклеарни централи, соопшти полицијата и централата на компанијата.

Камионот со нуклеарно гориво и полициската придружба биле нападнати на околу 30 километри од централата, во државата Рио де Жанеиро.

Полицијата што го обезбедувала конвојот одговориla на нападот при што вооружените напаѓачи побегнале. Нема повредени или уапсени.