Венецуелските држави Миранда, Маргас, Карабобо и Мерида како и делови од главниот град Каракас, одново се денеска без струја.

Засега не е познато каде точно се случила хаваријата.

Претставник на националната компанија за дистрибуција на електрична енергија, „Корполек“, изјави дека се работи на отстранување на дефекти во мрежата.

Во претходната голема хаварија од вечерта на 7 март кога Каракас и повеќе држави во Венецуела останаа без струја, претседателот Николас Мадуро го обвини „американскиот империјализам“ за хаваријата. На 12 март беше обновено снабдувњето со струја во целата држава.