Американецот Сизар Сејак од Флорида е прогласен за виновен од федерален судија во Њујорк дека испраќал рачно изработени експлозивни направи до критичари на претседателот Доналд Трамп.
– Искрено жалам, рече тој.
Сејак се соочува со доживотен затвор по 65 обвиненија меѓу кои и користење оружје за масовно уништување и за нелегално испраќање по пошта на експлозивни направи со намера за убиство.
Сејак во октомври минатата година им испратил по пошта на десетици рачно направени експлозивни направи на луѓе меѓу кои екс претседателот Барак Обама, Хилари Клинтон, Џо Бајден, на актерот Роберт де Ниро, конгресмени…Сите тие биле познати по либерални погледи и го критикуваат актуелниот претседател.
Ниту една од тие експлозивни направи не беше активирана и никој не настрада.