Британските пратеници гласаа да ја преземат од Владата контролата над дневниот ред во Парламентот, за од среда да одржат серија гласања за алтернативни опции за Брегзит.

Според Би-Би-Си, станува збор за потег без преседан, чија цел е да се пронајде мнозинство за која било опција за Брегзит.

За преземање на контролата на дневниот ред на Парламентот, гласаа 329 пратеници, додека 302 беа против.