Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга против двајцата осомничени започнал постапка заради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости по член 264 од Кривичниот законик.
ОЈО Струга поведе постапка и против инспектор по природа од Министерството за животна средина за сторено кривично дело – Попречување на правдата од член 368-а од Кривичниот законик. Предметот е отворен затоа што осомничениот одбил да излезе на лице место во моментот кога се сечела трската и да преземе дејствија по барање на јавниот обвинител.
Во изминатиот период ОЈО Струга интензивно ја следи ситуацијата со уништувањето на трската на езерското крајбрежје, за што се издадени наредби за засилен надзор. Истовремено, до полициските службеници се издадени насоки за натамошно постапување во насока на откривање на сторителите и на прибавување докази.