Македонскиот јазик е еден од официјалните малцински јазици во земјите членки на ЕУ, поточно тој е признаен, исто како и македонското малцинство во Романија, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Во рамките на изложбата поставена во Европскиот парламент, наспроти хемисиклот каде се оддржуваат пленарните сесии, поместена е мала изложба за мултијазичноста во земјите членки на Европската Унија.
Така на паното посветена на Романија, меѓу јазиците кои се признати официјално како јазик на официјално признато национално малцинство кое живее на нејзината територија се наоѓа и македонскиот јазик.
Убава е веста дека во Романија е признат македонскиот јазик и македонското малцинство, каде што живеат далеку помал број Македонци отколку во Грција и во Бугарија, кои исто така се членки на ЕУ, но кај соседите не се признава македонско малцинство и македонски јазик.