Градоначалникот Петре Шилегов денеска објави дека наскоро Градот Скопје, покрај велосипеди, ќе почне да субвенционира и електрични тротинети.
– Од лично искуство можам да кажам дека возењето со електричен тротинет е едно од поубавите урбани движења. Велосипедите и електричните тротинети придонесуваат за почиста околина, но и за подобро здравје на граѓаните, рече Шилегов.
Тој најави дека ќе продолжат со изградба на велосипедски патеки во Чаир, зашто како што рече, не сфаќа зошто досега не се граделе такви патеки во северниот дел од Скопје.