Поради уличен дефект од Ф-300мм на булевар „Теодосие Гологанов“ 90 во населба Тафталиџе од девет часот изутринава ќе има прекин во водоснабдувањето за корисниците на потегот од булевар „8. Септември“ до ул.„Лондонска“ и дел од булевар „Теодосие Гологанов“.
Прекинот во водоснабдувањето ќе биде до санирање на дефектот, информира ЈП „Водовод и канализација“.