Капитенот на шампионскиот состав на Бундестимот од Светското првенство 2014, Филип Лам е фаворит да стане претседател на Германската фудбалска федерација (ДФБ), објави „Спокс“.
Оваа недела, Рајнхард Гриндел, шеф на централата, ќе го објави своето пензионирање. Тој повеќе не ја ужива потребната поддршка меѓу навивачите и во самата федерација. Со неговата оставка и назначувањето на 35-годишниот Лам, германскиот фудбал ќе се обиде да го исчисти својот имиџ по неуспесите во последно време.
Гриндел управува со ДФБ од 2016 година. Месут Озил го посочи него како еден од главните виновници за неговата одлука да не игра за националниот тим.
Лам го напушти фудбалот во мај 2017 година. Тој беше амбасадор на германската кандидатура за ЕП 2024, која земјата на крајот ја освои.
За Лам се зборуваше дека ќе заземе директорска позиција во Баерн Минхен, но ја одби понудата, со образложение дека во клубот се зависи од Ули Хенес.