Алексис е мој другар и пријател на нашата земја, изјави денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас, откако претходно направија заедничко селфи пред Владата на Република Македонија.
Токму таа пренаглена блискост, без вообичаените дипломатски манири, достоинство и политичка култура на официјална средба, предизвика бројни коментари и потсмев во јавноста. На социјалните мрежи има безброј коментари, а објавуваме и стрип-фотографија од Фејсбук со која на потсмев е земено токму таквото однесување.