Рекордна количина од неколку стотици килограми кокаин е пронајдена во пакети со банани во супермаркети од синџирот „Алди“ во Росток, североисточна Германија.
Како што јави Си-Ен-Ен, дрогата била пронајдена во пакети со банани во шест продавница на „Алди“ во Росток и во логистичкиот центар на компанијата во градот Јармен.
Полицијата претпоставува дека дрогата е од Латинска Америка.
Претставници на синџирот супермаркети за Си-Ен-Ен потврдиле дека се „случил инцидент“, но не откриле дополнителни информации за да не се влијае на текот на истрагата.