Публиката почнаува да вреска во моментот кога, сред настап, циркуски лав го нападна тренерот Хамад Кута.
Видеото снимено во украинскиот град Луганск покажува како животното одеднаш станува агресивно, скокна на тренер и го бутка на под. Тренерот завршил со повреди на рацете, нозете и грбот, откако лавот го искасал и го изгребал со канџите.
-Го повикав лавот и истата секунда ме нападна. Го запрев, но тој не сакаше да се врати во седечка положба. Зачекорив наназад, а зад мене имаше столица, па се сопнав и паднав. Лавот скокна на мене и ме гризна, но, фала му на Бога, не за вратот, вели Кута по нападот.