Легендата на Лос Анџелес лејкерс, Меџик Џонсон, ја објасни својата одлука да се повлече од претседателското место во клубот.
Тој призна дека оваа функција не му донесе многу задоволството.
– Бев посреќен кога не бев претседател. Тоа беше тешка одлука. Плачев. И сега сум подготвен да плачам. Тешко е кога многу го сакаш клубот. Сакам повторно да се забавувам. Сакам да бидам каков што сум бил пред оваа работа, изјави Џонсон.
Тој смета дека со ангажирање на уште некој квалитетен кошаркар, дека тимот ќе биде конкурентен следните сезони.
– Го имаме Имаме Леброн. На лето, уште една голема ѕвезда мора да дојде, а потоа тимот ќе може да се бори за висок пласман.
ЛА лејкерс оваа сезона не успеаја да изборат пласман во плејофот и покрај тоа што во своите редови го имаа еден од најдобрите играчи на светот Леброн Џејмс.