Откако направи селфи со девојчето, паметот му иде само натаму, гласи коментарот на Фејсбук, под фотографијата на пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов, кој со група учесници на денешниот партиски митинг, поздравува со „собрани палец и показалец и подигнати три прста“.
– Па, зошто иде пред штабот на ВМРО, коментира духовито друг корисник на Фејсбук.
Костадинов подолго време партиските конференции ги одржува пред седиштето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а деновиве една „вмровка“ го збуни портпаролот, кога од него побара да направат заедничко селфи.
Инаку, познато е дека собрани палец и показалец и подигнати останатите прсти на раката не е карактеристичен поздрав на СДСМ. Дури, за вакво поздравување Костадинов може да го скара премиерот Зоран Заев со пријателите од Грција.