Во уште еден драматичен натпревар против Исланд, по само неколку дена од победата во Рејкјавик, македонската ракометна репрезентација одиигра нерешено со истата репрезентација во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Победата ни беше на дофат на рацете, бидејќи на само една минута пред крајот имавме гол предност и напад. За жал, шутот на Лазаров заврши без погодок, а во следниот напад Исланѓаните израмнија. Останаа три секунди до крајот, ние се обидовме да постигнеме погодок, но немаше доволно време.
Натпреварот беше изедначен, така што резултатот е реален, иако имавме шанси да победиме. Сепак, и овој резултат е добар, бидејќи сега имаме три освоени бода од натпреварите со конкурентот Исланд, па доколку победиме на гостување во Турција и на домашен терен со Грција, ќе бидеме први во групата.