Државната изборна комисија најдоцна до утре треба да го предаде изборниот материјал за претседателските избори и предвремените локални во три општини.
Според роковникот на Комисијата, материјалот се предава најдоцна во рок од 72 часа пред денот за определување на изборите.
Утре на полноќ истекува и рокот во кој избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор можат да се пријават до Општинските изборни комисии.
Тие, како и болните и изнемоштени лица, внатрешно раселените и лицата кои се наоѓаат во казнено поправните установи гласаат на 20 април, ден пред одржувањето на изборите. На 20 април гласаат и избирачите кои на денот на изборите се на привремена работа или престој во странство.
Во текот на утрешниот ден во Државната изборна комисија гласаат членовите на Избирачките одбори во Дипломатско-конзиларните претставништва и тоа во периодот од 7 до 19 часот.