Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 10 до 20 степени.
Во Скопје, слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
Утре, петок, и за време на викендот ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време.
Од понеделник попладне се очекуваат нови локални врнежи од дожд.