Иванка Трамп, виш советник и ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, одби работа во Светска банка, бидејќи е „задоволна со сегашната функција што ја има во администрацијата“.
Доналд Трамп неодамна за списанието „Атлантик“ изјави дека на својата ќерка и понудил работа во Светска банка бидејќи, како што рече, „добра е со бројки“.
Иванка беше ангажирана во процесот за избор на кандидати за претседател на Светска банка. Избран е Дејвид Малпас, за кого оцени дека „ќе заврши добра работа“.
На прашањето дали планира да се кандидира за претседател на САД, таа одговори дека не се гледа на таа функција во иднина.
Моментално Иванка Трамп е во Африка каде што ја промовира иницијативата за глобален развој и просперитет на жените.