Репрезентацијата на Јапонија постигна многу вредна победа со 2:1 над фаворитот Колумбија во првата средба и за двата тима на Мундијалот во Русија.

Дуелот се одигра на стадионот „Мордовија Арена“ во Саранск, а јужноамериканците го одиграа речиси целиот натпревар со играч помалку, откако уште во четвртата минута Карлос Санчез беше исклучен поради игра со рака во шеснаесетникот.

Тој направи пенал, кој беше реализиран од Кагава, а со извонредно изведен слободен удар, Кинтеро израмни во 39-тата минута на средбата.

Победата за „самураите“ им ја донесе Осака во 72-та минута, кога го постигна победоносниот гол со глава.

По овој натпревар, Јапонија е лидер во групата „Х“, во која се уште Полска и Сенегал, чиј дуел почнува од 17 часот.