Денеска во Македонија преку денот ќе преовладува стабилно и потопло време со мала до умерена облачност, прогнозираат синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне ќе започне да дува слаб јужен ветер поизразен на југоистокот.
Минималната температура ќе се движи од минус 2 во источниот дел на Македонија до 6 степени на југот, а максималната до 22 степна Целзиусови.