Гордана Силјановска Давкова во нејзиниот разговор со Катерина Нешкова во Дневникот на Сител телевизија посочи дека има намера да разговара со приврзаниците на „Бојкотирам“ да излезат на гласање и да и дадат поддршка во вториот круг од претседателските избори кој е закажан за мај.
Јас мислам дека ќе има цензус иако се разбира дека дел од граѓаните не сакат ни да помислат да излезат на гласање поради името, тоа се оние од бојкотирам а кон нив се приклучи и дијаспората. Но, јас имам намера отворено да разговарам со приврзаниците на бојкотирам, да им објаснам дека нема цел неколкукратното бојкотирање, дека проблемот со името на легален начин се решава внатре во институциите и ќе ги повикам да гласаат на изборите, вели Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова ги повика и сите револтирани и разочарани граѓани од владата на СДСМ и Заев да ја поддржат бидејќи како што рече таа позади неа нема никаков политички багаж и смета дека може да биде новина во политичкиот живот.
Ќе ги повикам и повторно и разочараните од СДСМ, оние од шарената револуција кои можеби не се за ВМРО-ДПМНЕ ама ова се претседателски избори, јас сум Гордана Силјановска Давкова и немам зад себе никаков политички багаж и мислам дека можам да бидам новина во политичкиот живот.