Изет Зекири, поранешен пратеник и дописен член на МАНУ
Еве уште една причина зошто картата на „Северна“ Македонија на овие избори од сина преминува во црвена боја.
Не се само политичките аспекти, туку има и економски и социјални причини поради кои граѓаните се револтирани од оваа влада.
Граѓаните од оваа влада очекуваа добар живот. Подобриот живот не го прави само централната власт, туку го прават општините како основни единици на локалната власт во „Северна“ Македонија. Општините имаат низа надлежности во нудењето на јавни и комунални услуги, кои вклучуваат: снабдување со вода, канализација и дренажа, третирање на отпадните води, менаџирање со отпадот, локалните улици, локалниот транспорт, шемите за локално греење, јавните живеалишта, нудењето и одржувањето на парковите и јавната површина итн.
Што всушност се случува – градоначалниците од оваа владина коалиција се послаби и помалку ефективни и ефикасни од градоначалниците од претходната власт – ова може да се види и од анализа на бројките, односно анализа на капиталните трошоци и реализираните инвестиции на двете влади.
Граѓаните ја гледаат разликата и нивното незадоволство расте бидејќи очекувањата беа многу големи. Оваа анализа покажува дека градоначалниците од оваа влада во анализираните општини во просек успеале да реализираат 39 отсто капитални инвестиции, додека градоначалниците од претходната коалиција успеале да реализираат 64 отсто, што е речиси двојно повеќе. Треба што побрзо да се даде одговор чија е одговорноста, во локалната или во централната власт. Анализата е направена со анализирање на завршните сметки на општините и буџетот на оваа коалиција е многу поголем од буџетот на претходната.
Табелата е преземена од ФБ статусот на Зекири. Со сина боја се планираните и реализираните инвестиции во седум општини во Македонија од страна на градоначалниците на коалицијата СДСМ-ДУИ. Со црвена боја се планираните и реализираните инвестиции на градоначалниците од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Погледајте ги бројките за Битола за сегашната градоначалничка на СДСМ и за еден од најнапаѓаните градоначалници на ВМРО, Владимир Талевски, кој има речиси двојно повеќе реализирано, што значи изградено, во однос на сегашната градоначалничка на СДСМ.
Погледнете ги бројките и за Велес (повеќе од двојна разлика) и за Охрид (двојна разлика) кои се драстично во полза на ВМРО-ДПМНЕ. За Скопје нема податоци во оваа анализа, но тука и со голо око се гледа разликата меѓу Коце Трајановски и Петре Шилегов.
(во анализата Зекири го употребува името Северна Македонија, наводниците на „Северна“ се редакциски)