Иако Аргентина на почетокот на Мундијалот успеа да стигне само до бод после ремито со Исланд, па јавноста во оваа земја е разочарана, трагичар на мечот беше Лионел Меси, кој промаши пенал на споменатиот натпревар, ја изненади јавноста со изјава.
Тој кажа дека е задоволен од мечот, како и дека Аргентинците во одбраната одиграле над очекувањата.
-Дефанзивно бевме спектакуларни, кажа тој и со тоа дополнително ја разбесни јавноста.
Аргентинските медиуми иронично пренесуваат дека тоа е последица на стресот поради пеналот кој го промаши.
Репрезентацијата на Аргентина во наредните кола ќе има можност за поправен во мечовите против Нигерија и Хрватска.