Дефанзивецот на Челзи, Давид Луис изрази поддршка за стилот на игра што го практикува тимот под раководство на италијанскиот менаџер Маурицио Сари.
Наметнатата од Сари филозофија на игра со висок процент поседување на топката и интензивен пресинг, дефиниран во Англија како „Сарибол“, носи контрадикторни резултати на лондонскиот клуб во оваа сезона. Луис, сепак, го советува менаџментот да го задржи поранешниот ментор на Наполи на чело на „сините“ и следната сезона.
– Неговата филозофија се заснова на долг посед на топката и создавање на многу гол-шанси. Во минатото, бевме критикувани дека ја немаме доволно топката во нашите нозе и не ги контролираме натпреварите. Сега се обидуваме да го сториме токму тоа. Но сега критикуваме дека на овој начин не победуваме на доволно натпревари. Мислам дека неговата филозофија е одлична. Тој се обидува да нè натера да играме убав фудбал, но е потребно време. Така сакам да играм, па би рекол дека сум заљубен во неговите идеи за играта, изјави Бразилецот.