Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн се сврши за нејзиниот долгогодишен партнер, Кларк Гејфорд. Тој ја запросил за време на Велигденските празници, соопшти нејзиниот портпарол Ендрју Кембел.
Гејфорд (41) е водител на телевизиска емисија за риболов, и се грижи за нивното 10-месечно бебе, додека Јасинда ги извршува државничките должности.
Нејзината бременост, објавена на почетокот на 2018 година, многумина ја сметаа за симбол на напредок за жените на раководни позиции. Таа е втората жена во историјата која се породи додека ѝ трае мандатот. Првата беше пакистанската премиерка Беназир Буто во 1990 година.