Денеска во Македонија времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер.

Попладне ќе има појава на краткотраен дожд со ретки грмежи, прогнозираат синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Најниската температура ќе се движи од 5 до 12 степени Целзиусови, а максималната од 15 до 27 степени.