Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.
Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.
Минималната температура ќе биде помеѓу осум и 15, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има краткотраен пороен дожд. Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.
Променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец ќе преовладува и утре. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Преодно стабилизирање ќе има во среда, а од четврток попладне под влијание на влажен бран нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места.