Италијанскиот фудбалски прволигаш Интер го објави назначувањето на Антонио Конте на функцијата главен тренер.
– Сигурен сум дека Антонио Конте е еден од најдобрите тренери. Очекувам од него да ни помогне да ја оствариме нашата цел и да ја исполниме нашата мисија. Тоа е, повторно да го направиме овој клуб еден од најдобрите во светот, изјави Стефан Јан, претседателот на Интер.
Претходно, Конте работеше во Јувентус, во италијанската репрезентација и во Челзи.
Вчера, клубот од Милано го објави заминувањето на Лучијано Спалети, кој го водеше тимот две години.