Здравко Чолиќ отсекогаш важел за еден од најдобрите момци на естрадното небо, а многу девојки паднаа на неговиот шарм. Сепак, него го освои Александра со која е во брак од 2001 година и имаат две ќерки – Уна и Лара.
Пејачот отсекогаш се обидувал да го држи неговиот приватен живот далеку од очите на јавноста, но за еден инцидент што и се случил на неговата сопруга прозоре во медиумите.
„Многу работи сум поминал и доживеал во мојот живот. Еднаш, мојата сопруга беше нападната од некоја обожавателка, која ја исече со нож по лицето. Сандра се тргнала, но таа малку ја закачила, за среќа, без многу последици. Тоа беше одамна, но се уште се сеќавам на тоа. Мојата сопруга, други поголеми проблеми немала, бидејќи таа не се експонира, не е тој тип, а и сметам дека жената и децата треба да бидат далеку од очите на јавноста”, вели Чолиќ во едно интервју.
Тој објасни дека во овој случај среќа во несреќа била тоа што неговата законска сопруга не била љубоморна, па драмата завршила брзо.
„Мојата сопруга реагираше правилно. Таа ја разбира мојата работа. Мислам дека тоа позитивно делува на неа. Таа тоа го доживува како нешто добро и убаво, како нешто што е дел од мене. Таа публика е со мене со години и го поддржува она што го правам. Верувам дека може да и биде само мило поради”, вели пејачот.