Мајтапот кај народот е несопирливо оружје во борбата против злоупотребите во државата и на државни средства во функција на „високи цели“ на партиите на власт.

И оваа позната фотографија е (зло)употребена во таа борба на граѓаните против злоупотребите, како што е случајот во ТЕЦ Неготино, каде што се организира масовност на Парадата на гордоста во Скопје. Инаку ова акционерско друштво е во државна сопственост, а како што објавивме раководството организира доаѓање на вработените на геј парадата.

Фотографијата која често се користи на социјалните мрежи овојпат е „прилагодена“ на овој настан.