Австралијката Ешли Барти е победничка на годинешното отворено француско првенство Роланд Гарос.
Осмата носителка на финалето ја порази чешката тенисерка Маркета Вондрушова со два нула во сетови, односно 6:1 и 6:3 во гемови, со што ја потврди улогата на фаворит.
За Барти ова е прва Гранд слем титула со што се запиша во историјата на овој спорт, а воедно е и прва Австралијка после 46 години што го освоила Роланд Гарос.
„Толку сум горда на себе и мојот тим, ова беа две луди недели. Ова е неверојатно“, порача Барти.
Инаку, Барти е четвртата Австралијка која славела во Париз, покрај петкратната победничка Маргарет Коурт, Лесли Боври и Евон Гулагонг.